Најмалку 44 загинати и над 160 повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република
Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од 160 се повредени при уривање на покривот на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република.
Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало многу политичари и спортисти.
Директорот на Центарот за итни интервенции, Хуан Мануел Мендес, изјави дека 12 часа по инцидентот спасувачките екипи сè уште извлекуваат преживеани од под урнатините и вети дека нема да запрат сè додека не бидат сигурни дека сите се извлечени.
- Потврдена е смртта на 44 лица, рече Мендес попладнево. Властите претходно соопштија дека бројот на повредени е најмалку 160.
Меѓу жртвите е и гувернерката на северозападната провинција Монте Кристи, Нелси Круз, како и сестрата на седумкратниот учесник на Ол-стар тимот на МЛБ, бејзбол-ѕвездата Нелсон Круз. Според изјавата на првата дама Ракел Абрахе, Крузсе јавила на претседателот Луис Абинадер во 00:49 часот по полноќ и му рекла дека покривот се урнал и дека таа е затрупана. Таа подоцна починала во болница, соопштија властите.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје