-->
-->
Најмалку 28 луѓе загинаа во троен самоубиствен напад во Нигерија
-->
Најмалку 28 луѓе загинаа, а повеќе од 80 се повредени во тројниот самоубиствен напад, извршен од жени во нигерискиот град Мандарари.
- Три жени ги активирале експлозивните појаси на влез од бегалски камп, изјави припадник на цивилната милиција, која се бори против џихадистичката група Боко харам.
Првата жена самоубиец го извела нападот во 18 часот по локално време на пазар, што се наоѓа на влезот на кампот. Тоа предизвикало паника, а веднаш потоа уште две жени го активирале експлозивот што го имале на себе.
Мандарари е лоциран на 25 километри од Мајдугури, главниот град на нигериската североисточна држава Борно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници