Свет
22. јуни 2017 - 12:45

Најмалку 25 загинати при експлозија во Авганистан

Најмалку 25 лица загинаа, а околу 60 други се ранети денеска при експлозија на автомобил-бомба пред банка во авганистанската провинција Хелманд, јави Би-Би-Си.

Ескплозијата одекнала додека вработени од граѓанскиот сектор и војската чекале во ред. 

Нападот е изведен околу пладне по локално време пред „Новата банка на Кабул".

Засега никој не презеде одговорност за нападот, што се случува во време кога талибанците најавија „посилна пролетна офанзива“.