Живот
13. December 2016 - 9:49

Најдолго досега регистрирано патување со такси

Возач на „Убер“ постигна рекорд надосега најдолго регистрирано возење во историјата на компанијата.

Возачот Џенис Роџерс се јавил на повик на една жена која нарача такси возило и со него минала дури 397 милји од Вилијамсбург во американската сојузна држава Вирџинија до Бруклин во Њујорк, за да го посети нејзиното момче.

Возењето вљубената жена ја чинело 294 долари и траело осум часа.

Роџерс изјави дека жената не барала паузи за тоалет во текот на целото патување. Откако го видела нејзиното момче на кусо, таа о истиот возач се вратила назад во Вирџинија.

- Таа не беше премногу возбудена што ќе го види момчето. Таа изгледаше уморно и спиеше во текот на целиот пат, раскажа возачот на „Убер“.