Над 50 апликации на третиот повик на Фондот за иновации
Педесетина апликации се пристигнати на третиот повик за поддршка на иновативни проекти, објавен од Фондот за иновации и технолошки развој.
- Најголемиот дел од апликациите се за проекти од ИТ индустријата, образование, управување со човечки ресурси, но има и доста проекти што се занимаваат со нови технологии и слично, изјави Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција за повиците за натпревари за софтверски решенија за градскиот превоз во Скопје.
Како што информира Поповска, до крајот на месецов ќе се знае кои од апликациите ќе бидат претселектирани, а до крај на следниот месец треба да биде донесена одлуката за избраните проекти.
Проектите од останатите повици, потенцира Поповска, се во тек. Шеснаесетте проекти коишто почнаа во јуни лани веќе завршуваат и имаат конкретен резултат. Проектите за коишто средствата ги доделивме во јануари годинава се во фаза на имплементација и нормално е некогаш со одредени посметувања од планираното, но главно е што се се одвива како треба. Се надеваме дека наскоро ќе ги промовираме, изјави Поповска.
Фондот за иновации со третиот повик доделува 30.000 евра по предлог проект преку Инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. За овој инструмент може да добијат средства за микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино