Над 11.200 загинати во земјотресот во Турција и во Сирија
Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија се искачи над 11.200.
Официјални лица и медицински лица соопштија дека 8.574 луѓе загинале во Турција и 2.662 во Сирија од потресот од понеделникот од 7,8 степени според Рихтер, со што вкупниот број достигна 11.236.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека имало одредени проблеми со првичниот одговор на разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на земјата, но дека сега се работи подобро.
За време на посетата на провинцијата Кахраманмараш, во близина на епицентарот на земјотресот, Ердоган ги призна проблемите со патиштата и аеродромите и истакна дека ситуацијата сега е подобра.
Претседателот на Турција им порача на граѓаните исклучиво да ги слушаат информациите што ги добиваат од властите и да ги игнорираат „провокаторите“.
„Никој од нашите граѓани нема да биде оставен на улица“, рече Ердоган.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови