ОН: Над 100.000 цивили се убиени или повредени во Авганистан во последните десет години
Во последните десет години во Авганистан се убиени или повредени повеќе од 100.000 цивили, се наведува во најновиот извештај на ОН.
– Речиси нема цивил во Авганистан кој не е лично засегнат на некој начин од насилството во земјата, изјави Тадамичи Јамамото, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за Авганистан, во врска со извештајот.
– Апсолутно е императив сите страни во конфликтот да ја искористат можноста да ги прекинат борбите; мирот е одамна задоцнет; животот на цивилите мора да се заштити и се водат напори за постигнување мир, додаде Јамамото.
Извештајот е објавен денеска од Мисијата на ОН за помош на Авганистан. Тоа се случува во момент кога на полноќ стапи во сила седумдневниот договор за „намалување на насилството“ меѓу САД и талибанците. Делумното примирје го отвора патот на 29 февруари во Доха да биде потпишан мировен договор, со кој се очекува Вашингтон да стави крај на најдолгата војна во американската историја, да се повлечат американските трупи и да ги принуди завојуваните Авганистанци да почнат преговори за иднината на својата земја.
Ново на Сител
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето