Набрзо полесно ќе се добива германско државјанство
Германското Министерство за внатрешни работи подготви нови правила за добивање на државјанство, според кои странците кои живеат во Германија повеќе нема да треба да се откажуваат од пасошите за да добијат германско државјанство и ќе можат да аплицираат по 5 години престој.
Според досегашните правила странците мораа да живеат 8 години во Германија за да можат да аплицираат за државјанство. Предлог-законот предвидува и намалување и на периодот од 5 години ако апликантите можат да докажат дека се добро интегрирани, на пример со покажување одлични резултати на училиште или на работа, доброволна работа или особено добри јазични вештини.
Новите правила вклучуваат и олеснување на доказот за познавање на германскиот јазик за одредени групи, како и лицата над 67 години да не докажуваат дека го знаат јазикот.
Предвидено е и децата кои се родени во Германија, но чии родители имаат странско државјанство, повеќе нема да треба да избираат кое државјанство да го земат кога ќе пораснат.
Промените се дел од сеопфатната ревизија на миграциските и интегративните политики на Германија од страна на владината трипартиска коалиција на германската Социјалдемократска партија, Унија 90/Зелени и Слободната демократска партија.
Ново на Сител
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев