На Токсикологија нема пациенти кои го следеле „Тикток“ предизвикот со парацетамол
На Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје досега нема пријавено случај во кој пациент следел тренд на социјалната мрежа „Титок“ со земање големи дози „парацетамол“. Информацијата за МИА денеска ја потврди директорот Андон Чибишев, кој и самиот алармираше на претпазливост во врска со овој предизвик.
-Нова опасност им се заканува на нашите деца. Експериментот со „парацетамолот“ е исклучително опасен и може да заврши со тешко неповратно оштетување на црниот дроб или смрт. Токсичната доза изнесува 5 до 15 грама или 10 до 30 таблети од 500 милиграми или леталната - смртна доза е 20-25 грама, напиша Чибишев неодамна на „Фејсбук“.
Појасни дека труење настанува заради исцрпување на метаболичкиот систем на црниот дроб, силното хепатотоксично дејство на N- ацетилмидокинонот - составна компонента на парацеталот, што предизвикува некроза или распаѓање на хепатоцитите, клетки што го градат црниот дроб.
-Следува таканаречен токсичен хепатитис што има исклучително тешка клиничка слика, проследена со масивни внатрешни крварења, тешко засегање на централниот нервен систем - енцефалопатија и акутно откажување на бубрежната функција. Ги повикувам надлежните институции внимателно да ја следат состојбата, апелираше директорот на Токсикологија.
За кобните последици што може да ги има предизвикот, се огласи и доктор Нико Беќаровски од истата Клиника.
-Од почетокот на оваа година, на платформата „Тикток“ кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, внесување големи дози „парацетамол“. Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со „парацетамол“ се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување, подвлече Беќаровски.
Тој додаде дека секоја година, 30 до 50 отсто од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек.
-Затоа, контролирајте ги вашите деца, пред да ни се случи нова трагедија, советуваше Беќаровски.
Ако сепак се случи труење, а не се поминати 2-4 часа, Беќаровски советува веднаш да се дадат 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ - 2 кесички и да се побара лекарска помош. - Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот, потенцираше Беќаровски на „Фејсбук“.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека нема информации за пациенти од „Тикток“, млади луѓе кои користат по пет - шест парацетамоли, пријавени на Клиниката за токсикологија.
-Првпат ја слушам оваа информација, бидејќи, искрено, не користам „Тикток“, одговори тој на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Американските тарифи за увоз на челик и алуминиум ќе бидат на сила од 12 март
-
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“
-
На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените
-
Без струја делови од Аеродром, Сарај и Чаир
-
Рестрикции на струја во Украина поради големи руски напади врз енергетскиот систем
-
Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската
-
Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „Можеби некогаш ќе биде руска“
-
Утрото студено, преку денот променливо облачно