-->
-->
На стартот од „Кроација Куп“ против домаќинот Хрватска
-->
Македонската машка ракометна репрезентација попладнево го игра првиот натпревар на „Кроација куп“ во Умаг, а ривал ни е домаќинот Хрватска. Нашите репрезентативци од вчера се наоѓаат во Хрватска.
Селекторот Ивица Обрван по неколкуте повредени играчи повика неколку помлади, кои на дуелите со Хрватска и утре со Црна Гора ќе имаат можност да се наметнат и евентуално да се изборат за место во составот на Македонија за Европското првенство во Полска во јануари 2016 година.
Проблеми со „ростерот“ за оваа недела има и селекторот на Хрватска, Жељко Бабиќ, па така нашиот денешен ривал ќе биде без помошта на искусните Мирко Алиловиќ и Марко Копљар.
Домаќинот го промени и почетокот на натпреварот, иако беше најавено дека ќе биде во 19:05 часот, стартот е презакажан за 18:30 часот.
Македонија утре ќе игра против Црна Гора, а во недела турнирот ќе заврши со дуелот меѓу Хрватска и Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања