На погребот на 20 годишниот син ја открија мрачната тајна
Били и Ејми Сканел на погребот на својот млад син ја споделиле најмрачната тајна со присутните и светот. Родителите скршени од болка на погребот на 20-годишното момче, ученик и спортист откриле дека го загубиле синот од предозираност.
- Кога ќе погледнете во сликата на нашиот Емре гледате ли детска невиност? Ученик, спортист, дете...Можеби во него гледате дете за кое би биле среќни ако излегува со вашата ќерка...Кога ќе го погледнете неговото лице на фотографијата, зарем не е среќен и исполнет? Да и ние ги гледаме тие нешта, па затоа сакаме да ни кажете гледате ли и несреќно дете и наркоман? Очајно дете зависно од хероин? Гледате ли некој кој е толку депресивен што посегнал по тоа?, рекле родителите.
Тие им дале совет на родителите да ги чуваат своите деца, и да не мислат дека без никаква причина истото не би можело да им се случи нив.
- Сакајте си ги децата и внимавајте. Сите може да завршат вака, спречете го тоа на време, завршуваат тие.
Момчето почина пред 5 дена од предозираност на само 20 години.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за натпартиско обединување
-
Владата планира да ја гради втората фаза од жичницата, ќе се доградат и зградите на ФИНКИ и ФФК
-
Судски совет утре избира претседател
-
Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
-
Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели