Македонија
22. February 2024 - 12:20

На дипломатскиот пасош не му треба „Северна“

Проблемот со патните исправи е уште една тема која и денеска ќе биде високо на насловните страни во медиумите. Процесот тече но прилично бавно имајќи предвид дека нема доволно обрасци за пасоши па во моментов пасош добиваат само оние кои се пријавуваат за брзата постапка. Останатите ќе треба да ги чекаат обрасците кои надлежните ги најавуваат до крајот на неделава.

Еден интересен податок е што функционерите не засега овој проблем со пасошите имајќи предвид дека дипломатските пасоши и без северна поминуваат на граница. Барем така можеше да се види во едно видео кое го снимија двајца опозициски пратеници и на кое може да се види дека дипломатските пасоши ја поминуваат границата.