На 12 мај средба Димитров-Коѕијас-Нимиц во Атина
Следната сабота, на 12 мај, според информациите на дописничката на МИА од Грција, ќе се одржи нова средба на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц, во Атина.
Никола Димитров и Никос Коѕијас, еден ден по учеството на конференцијата што ќе се одржи во петок во Сунио, ќе се сретнат со специјалниот претставник на ОН.
Министерот за надворешни работи на Грција, на денешната прес конференција по министерскиот состанок во Солун, рече дека остануваат уште 1-2 централни прашања да се решат, а со неговиот македонски колега разговарале за алтернативите и варијантите за решение.
- Мислам дека денеска смисливме многу алтернативи, не стигнавме до одлука, ќе треба да ги известиме и нашите премиери. Ако одлучиме за овие алтернативи, тогаш ќе бидат созреани условите за средби на повисоко ниво, но за тоа, секако, не одлучуваат министрите за надворешни работи, туку нивните шефови, кои кога ќе ги направиме чекорите, што се надевам дека ќе ги направиме, ќе можат да остварат контакт и самите да се договорат за нивните средби. Но, мислам дека треба до крај да се бориме за да се најде ова решение, рече Коѕијас.
Ново на Сител
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец