Loading Video...
Кошарка
5. March 2021 - 13:41

МЗТ Скопје го декласира Ловќен

 
На третиот турнир АБА 2 лигата што се одржува во Сараево, првиот од двата дуели на македонски и црногорските скипи му припадна на нашиот претставник МЗТ Скопје Аеродром. 
 
 Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го декласираа Ловќен со убедливо со 41 поен разлика 96-55 и ја остварија шестата победа. Триумфот аеродромци го најавија уште во првата четвртина која ја добија со 13, а на полувремето водеа со 18 поени разлика. 
 
Шутерско шоу имаа избраниците на Кочов кои погодија 18 тројки од 29 обиди, а најмногу имаше најефикасниот Дамјан Стојановски кој 15-те поени ги реализира зад линијата 6,75, промашувајќи само еден шут за тројка (5/6). 
 
Двоцифрени број на поени имаа и Крстевски и Гравет по 13, а Бојиќ реализира 11 поени. 
 
Од 16 часот Работнички ќе игра против екипата на Сутјеска.