Македонија
1. January 2021 - 15:32

МВР: Во сообраќајката кај Собрание повредени три лица од кои едно потешко

Едно лице потешко и двајца полесно повредени во сообраќајната несреќа која утринава се случила кај Собрание, соопштија од МВР.

- На 01.01.2020 во 05.00 часот било пријавено се случила сообраќајна незгода помеѓу „опел корса“, управувана од Е.И.(31) од Скопје и „пежо 508“, управувано од К.П.(24) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел корса“ Ѓ.И.(55) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката од истото возило Е.И.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Ново на Сител