Македонија
16. January 2024 - 17:40

МВР: Личните карти без истечен рок ќе продолжат да важат и по 12.02.2024

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.  

„За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека ЛИЧНИТЕ КАРТИ со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат ДА ВАЖАТ и по 12 февруари 2024 година'', стои во соопштението.