Македонија
10. May 2017 - 14:57

МВР: КФОР си заминува по завршената мисија

Конвоите на КФОР кои што се движат низ Македонија се дел од португалската мисија во Косово кои преку Македонија си заминуваат по завршувањето на мисијата, информираат од МВР за Press24. Од таму велат дека денеска немало движење но во периодот меѓу 5 и 9 мај по 20 возила дневно транзитирале низ Македонија

„За утре и петок исто така има најавено движење на возила на КФОР во рамки на секојдневните активности“ – информираат од МВР.

Утрово албанската агенција ИНА објави информација дека поголем контингент на НАТО преку граничниот премин Блаце влегол во Македонија.