Музичка „Вечер на ЕУ“ на „Охридско лето“, приходот од концертот за помош на поплавените
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со традиционалниот концерт „Вечер на ЕУ“ на кој ќе настапат македонската пијанистка Нина Костова заедно со познатиот германски гудачки квартет „Хеншел“. Како што и беше најавено од Управата на „Охридско лето“, средствата собрани од продажбата на билетите за вечерашниот концерт ќе бидат наменети за подрачјата погодени во невремето.
Уметниците од квартетот „Хеншел“ се задоволни што се дел од фестивалската програма, уште повеќе што на овој начин и тие се вклучуваат во активностите за помош на луѓето од настраданите подрачја.
- Уште со самото наше пристигнување тука бевме апсолутно изненадени од топлината и гостопримството на македонскиот народ, така што и не не изненадува што и преку нашиот концерт ќе се помага на оние што им е потребно. Благодарни сме што ни е овозможено и ние на некој начин да се вклучиме во акцијата за помош на настраданите, рече уметницата на виола Моника Хеншел-Шлинд.
Нејзиниот колега, виолончелистот Матијас Бејер Карлсрој, е почестен што има можност заедно со неговите колеги уметници од квартетот „Хеншел“ да бидат на програмата на фестивалот „Охридско лето“.
- Првпат сме тука, во Македонија, и привилегирани сме што имаме чест да бидеме дел од толку познат фестивал, кој бил домаќин на светски познати имиња од музичката уметност. Очекувам фантастиечн концерт вечерва, уште повеќе што ќе настапуваме во неповторливата акустика што ја нуди црквата „Света Софија“, рече Карлсрој.
Нашата пијанистка Нина Костова истакна дека секогаш е привилегија да се биде дел од програмата на нашиот најреномиран фестивал „Охридско лето“.
- Благодарна сум што имам можност да настапам заедно со еден од најдобрите квартети на денешницата. Веќе ја реализиравме нашата прва проба и соработката беше прекрасна на наше заедничко задоволство, така што со нетрпение го очекуваме вечерашниот концерт, рече таа.
Селекторката на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска на прес-конференцијата изрази задоволство што Фестивалот продолжува успешно да ја реализира идејата македонски уметници да настапуваат заедно со светски познати анасамбли.
- Задоволството е уште поголемо што оваа година тој концепт насловен „Вечер на ЕУ“ слави мал јубилеј со неговото одржување по десетти пат. Овие десет години „Вечерта на ЕУ“ ни овозможи голем број светски познати уметници да бидат дел од „Охридско лето“ и со своите настапи значајно да придонесат во квалитетот на фестивалската програма, рече Јосифова-Неделковска.
Концертот ќе се одржи во „Света Софија“ со почеток во 21 часот и цена на влезницата 300 денари. На програмата се дела на Шуман Моцарт, Бетовен.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст