Свет
27. October 2016 - 10:01

Муслимани се молеле во синагога

Евреи на меѓународниот аеродром во Ерусалим биле изненадени кога забележале дека неколкумина муслимани се молат во синагога. 

Сајтот РТ пишува дека станува збор за четворица мажи и една жена, членови на турско семејство, кои барале место за молитва и го нашле во синагогата на аеродромот, која во тој момент била празна.

- Но, кога дознаа дека се молат во синагога, рекоа дека само барале место да се помолат, изјави еден од очевидците, пренесува РТС.

Аеродромот во Ерусалим нема место предведено за молитва на припадници на друга вероисповед освен евреи. 

Некои евреи го критикуваа ова турско семејство поради нивната постапка, други пак ги поддржаа.