Муарем се врати во Работнички
Работнички го доведе првото засилување за следната натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига. Старо-нов член на „романтичарите“ е Муарем Муарем.
– Офанзивниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со Работнички и се враќа во клубот во кој ја почна професионалната кариера (2008-2010), а настапуваше и во сезоната 2010/11. Тој сигурно ќе биде големо засилување за составот на Ратко Достаниќ, со оглед дека има репрезентативно искуство и неколкугодишна интернационална кариера, соопшти Работнички преку клупската веб-страница.
Муарем Муарем во македонското првенство настапуваше за Работнички, Тетекс и за Шкупи, а интернационалната кариера ја градеше во Турција (Ордуспор, Ескишехирспор), Азербејџан (Карабах), Казахстан (Актобе) и во Албанија (Фљамуртари).
Муарем Муарем ќе се приклучи на тренинзите на тимот по 23 јули, кога ќе истече неговата суспензија откако имаше позитивен допинг тест пред две години.
Ново на Сител
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек