Македонија
26. February 2021 - 16:21

МПС ги осуди денешните напади врз полицијата

Синдикат на полиција на Македонија изразува безрезервна подршка на сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои  денеска учествуваа во обезбедувањето на јавниот ред и мир на пошироко подрачје на град Скопје, а во врска со одржаните протести за случајот „Монструм”.

Истовремено, Синдикатот на Полицијата на Македонија, како што стои во соопштението најостро ги осудува денешните напади врз припадниците на полицијата и ги повикува институциите да ги преземат сите мерки за соодветно кривично правно процесуирање на сторителите.

Апелираат кон актуелното раководството на МВР настанот да не го злоупотребуваат во маркетиншка намера и со тоа, стои во соопштението, повредените колеги дополнително да не ги изложуваат на непријатни состојби.