Свет
10. October 2016 - 15:12

Московиси: Грција ги исполни условите за новата транша од кредитот

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси денеска изјави дека Грција ги исполнила сите преостанати услови, неопходни за добивањето нова транша од пакетот за помош.

Како шти јави ДПА, Московиси при пристинувањето во Луксембург на средбата на Еврогрупата, истакна дека Грција ги спровела клучните мерки, потребни за испата на уште 2,8 милијарди евра од кредитот за помош.

Според него, денеска министрите веројатно ќе ја одобрат новата танша.

Досега дипломатски извори од Брисел тврдеа дека Атина исполнила само половина од барањата, меѓу кои се и приватизацијата на грчката национална телефонска компанија ОТЕ, намалување на администрацијата, либерализација на пазарот и реформи во партиското финансирање.