Моралес и Бакари нови ракометари на Вардар
Македонскиот ракометен шампион Вардар во новата сезона ќе биде посилен за уште двајца нови интернационалци кои доаѓаат од првенството на Франција. Нови играчи на „црвено-црните“ се левиот и десниот бек, Диало Бакари и Јоел Куни Моралес.
Двајцата играчи потпишаа двегодишни договори и треба во Вардар да останат до 30 јуни 2023 година.
Дваесет и седумгодишниот Фанцузин Диало во Скопје доаѓа од тимот на Трембле, додека 34-годишниот Кубанец Моралес, мината сезона играше во Данкерк.
Вардар 1961 ќе го почне подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. По четири дена во Скопје и извршување на потребните медицински прегледи тимот ќе замине за Златибор каде останува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германија.
Ново на Сител
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје