Монсунски дождови спроти дуелот на македонските фудбалери против Австрија
Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ја зафати попладнево романската престолнина предизвикувајќи им големи проблеми на УЕФА и романските организатори спроти утрешниот натпревар меѓу македонската и австриската репрезентација во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО2020.
Австријците денеска пристигнаа во Букурешт и според планираното требаше во 15:30 часот да го одржат својот прв и единствен тренинг на Националната арена во Букурешт пред утрешната пресметка со македонскиот состав.
По едночасовно одложување поради обилните врнежи од дожд австриската репрезентација се упати кон другиот крај на градот на стадионот на романскиот прволигаш Стеауа, каде невремето предизвика проблеми и со тренингот на македонската
Одлуката Австријците да не тренираат на Националната арена дојде по консултации со организаторите во обид да се зачува теренот во очекување, според најавите на метеоролозите, на нови обилни врнежи од дожд во романската престолнина во следните 24 часа.
Натпреварот меѓу македонската и австриската репрезентација започнува утре од 18 часот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?