Мнозинството од Европејците сакаат Обединетото кралство да остане во ЕУ
Мнозинството од Европејците сакаат Обединетото кралство да остане во ЕУ, покажува испитувањето на јавното мислење во девет земји членки на ЕУ, направено од ТНС за весникот „Фигаро“, јавува дописникот на МИА од Париз.
Истражувањето покажува дека „Европејците сакаат Британците да останат во клубот на Дваесет и осуммте“ – констатира весникот. „Ова чувство видливо се зголемува, и тоа за 16 проценти во Германија, во Франција за шест отсто и во Полска за 10 проценти во однос на претходното испитување направено од истиот институт во април.
- Во Германија приврзаниците на останувањето наБбританците во ЕУ е најголемот, односно Германците исто така ја искажуваат нивната приврзаност кон ЕУ и не сакаат таа да се распадне, анализира Едуар Лесерф директорот на ТНС.
Во Франција, владее оптимизам за останувањетона Обединетото кралство во ЕУ. Од испитувањето во април, 57 отсто веруваат дека Британците ќе останат, односно 9 поени повеќе отколку во април.
Според директорот на ТНС, Европејците вака размислуваат, бидејќи не сакаат тоа да се случи и не можат да веруваат дека Британците ќе ја напуштат ЕУ, што ќе предизвика еден вид на „зашеметување“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип