Loading Video...
Свет
19. September 2024 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на уреди за безжични комуникации во Либан, соопшти министерството за здравство, пренесе би-би-си. Тоа се случи еден ден по серијата смртоносни експлозии на пејџери на членови на проиранската група Хезболах. Воки-токи користени од членовите на милитантната група Хезболах експлодираа во јужните предградија на главниот град Бејрут, долината Бека и јужен Либан – области кои се сметаат за нејзини упоришта. Некои од експлозиите се случија за време на погребите на некои од 12-те лица за кои Министерството соопшти дека биле убиени во експлозијата во вторникот. Хезболах го обвини Израел за нападот.

Терористичката група Хамас објави соопштение во кое го обвинува Израел за бранот експлозии насочени кон комуникациските уреди на Хезболах во последните два дена и вели дека овој потег ја загрозува регионалната стабилност.

Израел не коментираше. Нападите се случија кога израелскиот министер за одбрана Јоав Галант најави „нова фаза во војната“ и кога дивизијата на израелската армија беше префрлена на север.

Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе се состане в петок во врска со експлозиите во Либан насочени кон Хезболах, соопшти словенечкиот амбасадор во ОН Самуел Жбогар, кој претседава со Советот во септември. Состанокот беше побаран од Алжир во име на арапските држави, информира тој.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека САД не биле вклучени во бранот експлозии што се случија во Либан завчера и вчера. Истото го потенцираше и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ги негираше извештаите дека САД однапред знаеле за смртоносниот напад во Либан во кој експлодираа стотици пејџери на Хезболах. Инаку, Блинкен се наоѓа во Каиро, каде со виски преставници на Египет ги прдолжуваат напорите за примирје меѓу Изреал и Хамас во Газа.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „најверојатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја.

Сепак Трамп не даде дополнителни детали. Во последниве месеци, некои други светски лидери кои ги посетија САД на самити и состаноци со претседателот Џо Бајден завршија на средба и со Трамп.

Зеленски потврди дека украинскиот „план за победа“ во војната со Русија, мора да му го претстави на американскиот колега Џозеф Бајден до крајот на месецот, и дека е „целосно подготвен“.

Властите во Киев, кои добиваат оружје од Запад, бараат од западните земји дозвола да користат ракети со долг дострел за да гаѓаат цели подлабоко на руска територија