Млад велешанец се бори за живот, испил големо количество течен детергент
Вчера во 19.15 часот во болницата во Велес било донесено лицето Ј.Ј.(28) од Велес, кој бил затруен откако испил одредена количина течен детергент.
По извршениот преглед било констатирано дека лицето се наоѓа во животна опасност и со возило на Итна медицинска помош било пренесено на Kомплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Дваесет и осум годишен велешанец бил донесен синоќа во 19:15 часот во ЈЗУ Општа Болница - Велес, откако се затрул со испивање на половина литар „Доместос“ и 50 грама „Арф“, информираат од СВР Велес.
Како што информира портпаролот Верољуб Додевски по извршениот лекарски преглед било констатирано дека е во животна опасност и со возило на Брза помош бил однесен во Државна болница - Скопје на натамошно лекување.
СВР Велес информира дека вчера околу 10:00 часот во Велес на ул. „Нада Бутнкошарова“ патнички автомобил марка “Фиат Пунто“ со велешки регистарски таблички управуван од С.Д.(36) од Велес удрил во пешак Б.Ц. (75) од Велес, кој се наоѓал на улицата.
- По незгодата повредениот пешак со возилото учесник во незгодата е однесен на лекарски преглед кај матичен лекар, а од таму е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде се константирани телесни повреди и по извршениот преглед е пуштен дома, информира Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип