Митева: Притисоците кон пратеници од власта резултираат со намалување на рејтингот на СДС
Владата на Ковачевски е влада на порази, притисоци и автократија. Власта е само слеп извршител на нарачки, единствениот начин на кој што владеат е преку притисоци и уцени.
Антивладиното расположение кај народот секој ден се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт. Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и самиот Ковачевски. Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Прво ги навредуваа и напаѓаа медиумите, сега со истите методи удираат и по своите членови и пратеници кои се за предвремени избори.
Токму пратениците од мнозинството чувствуваат и знаат дека оваа власт треба да се смени. Затоа владата на Ковачевски користи посредници и со нападни методи ја одржува власта. Но, власта треба да знае дека ваквиот начин е обратнопропорционален од нивните намери за зголемување на мнозинството затоа што така само им се намалува рејтингот на СДС. Не далеку од денес ако СДС продолжи со погубните политики сами ќе си го постапуваат прашањето зошто голема е веројатноста да престанат да постојат.
Се поголем број членови на СДС и нивни функционери сфаќаат дека агонијата со оваа власт може да се прекине само со предвремени избори. Тие гледаат дека СДС се претвори во владин приврзок на ДУИ и секој ден власт со Ковачевски е лошо и за самата СДС и за Македонија.
Никој веќе не се плаши на заканите и притисоците на оваа власт. Нивниот политички крај се ближи, а одговорноста потоа ќе дојде.
Прес-конференција на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка