Живот
26. October 2017 - 12:05

Мислеле дека ќе биде забавно да фрлат камен од надвозникот: Сега им се заканува доживотна робија

Судија во Мичиген одби да им одобри кауција на петмината малолетници кои се обвинети дека во градот Флинт фрлилр камен од надвозникот на автопатот и така предизвикале смрт на патник во комбе.

Иако сите обвинети се малолетни, на возраст од 15 до 17 години, ќе им се суди како на возрасни, а секој од нив се товари за второстепено убиство. Максималната казна која може да ја добие е доживотен затвор,

Кеменот кој го фрлиле на 18. октомври имал речиси 3 килограми и му задал кобни повреди на 32-годишниот Кенет Вајт.

Вајт се наоѓал во комбето на пат кон дома кога каменот му го пробил ветробранското стакло и го удрил во лицето, глават аи градите.

-Нема зборови со кои ова може да се опише. Во последните четири години ги погребав својата мајка, татко и постариот брат, а сега и синот. Ова ми е најтешка работа што сум ја доживеал некогаш, рече Кенет Вајт сениор, татко на жртвата.

Починатот маж бил верен и зад себе остави петгодишен син.

-Постојано ме прашува каде е неговиот татко. Да му кажам дека никогаш повеќе нема да се врати ми беше мноигу тешко. Се обидов да му објаснам, но премногу е мал, а има само 5 години и не може да разбере, рече Ејми Кегл, вереничка на Вајт.

Шерифот од округот Џенеси Роберт Пикел потврди дека истрагата покажала како Кајл Ангер (17) го фрлил каменот кој го убил Вајт, но сите петмина малолетници се обвинети за убиство, за намерно уништување на имот и уште две помали обвинувања.

Покрај Кајл Ангер, обвинети се и Александер Милер (15), Марк Секелски (16), Микадин Пејн (16) и Тревор Греј (15). Сите петмина се изјаснија во судот дека не се виновни.

-Кога ќе фрлите камен со толкава величина на пат по кој автомобили возат со брзина од 110 km/h мора да знаете дека со тоа на некој може да му нанесете страшни повреди, а во овој случај и смрт, вели окружниот обвинител Дејвид Лејтон.

-Иако сите обвиненија се исти, секој од нив е различен. Причите кои ги довел до ова исто така се различни. Така што иаско овде сите обвинениај се исти за сите очекувам дека сепак ќе се видат разликите кога ќе почнат да се изнесуваат доказните постаоки на судењето, изјави адвокатот на Марк Секелски, Френк Менли.

-Овде имаме пет деца кои се обвинети за злосторство кое може да ги пикне доживотно во затвор. Во едне момент говорат за одење на матура, а во другиот седат во притвор, додаде адвокатот на Кајл Ангер, Ервин Мејерс.

Прелиминарното рочиште е закажано за 2. ноември.