Минусни температури утрово, преку ден до 16 степени
Утрово во целата држава имаше минусни температури. Најстудено беше во Берово каде се измерени -8 степени Целзиусови, -7 се измерени на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови и Битола, -4 во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Прилеп, Штип, Претор, Демир Капија и Гевгелија, -2 во Крушево, Велес, Охрид, Виница и Кавадарци и -1 степен во Скопје-Зајчев Рид.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 25 сантиметри на Попова Шапка, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде претежно сончево и малку потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло преку денот, со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор