Миновски на средби со граѓани на Брвеница
Кирил Миновски, член на раководството на ВМРО ДПМНЕ и министер за финансии, попладнево се сретна со граѓаните на Брвеница. Целта на денешната посета, како што изјави тој, е да се слушнат проблемите, но и да се изнајдат можните решенија за нив.
- Ние како владејачка партија интезивно работиме на комплетирање на следната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа програма ќе биде најсепфатна и во неа имаме голем број мерки. Во средиштето на нашата економска програма е креирањето нови работни места и инвестициите, креирање на подобро деловно опкружување и креирање на благостотојба за најголем дел од граѓаните на Македонија, истакна Миновски.
Со оглед на тоа што, како што рече, сме во населено место во коешто голем дел од населението се занимава со земјоделство, можам да кажам дека како и во изминатиот период во кој инвестиравме повеќе од 800 милиони евра во областа на земјоделството подржувајќи го преку бројни мерки и во следниот период очекуваме да имаме голем број на инвестиции и многу добри проекти.
- Со нив, ќе се стимулира земјоделското производство, што ќе биде извозно ориентирано и што ќе биде продуктивно земјоделско производство во интерес и на зголемување на извозот и бруто општествениот производ меѓутоа и во интерес на подобрувањето на животниот стандард на земјоделците, изјави Миновски.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики