Миновски: Ќе сносам одговорност ако има нерегуларности при вработувањето на Стојчевски
Синот на пратеничката Мира Стојчевска бил вработен на место отворено специјално за него, изјави неодамна претседателската на Антикорупциска, а доколку Антикорупциската комисија утврди нерегуларности при вработувањето на синот на Мира Стојчевска, директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски најави дека ќе понесе одговорност.
Колку што сум инфоримиран, Антикорупциска последно објави демант дека има нерегуларности при вработувањето на Стојчевски. Постојано се проверува, сите документи побарани од антикорупциската комисија беа доставени. Исто така има и внатрешна комисија која проверува како е направен изборот за Стојчевски. Доколку се утврдат некакви нерегуларности во однос на изборот на Виктор Стојчевски, одговорност ќе сносат сите, вклучувајќи ме мене и Стојчевски, рече Миновски.
ЕЛЕМ тврдеше дека синот на пратеничката Мира Стојчевска ги исполнувал сите критериуми за вработување и затоа бил примен во редовен работен однос.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има