Миновски: До крајот на летово барање за А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола
До крајот на летово АД ЕЛЕМ ќе поднесе барање за добивање А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола, најави денеска генералниот директор на Електрани на Македонија, Драган Миновски.
- Во моментов работната група ги собира податоците и се прават анализи кои се проекти треба да се реализираат за да се добие дозволата. Очекувам набрзо да излеземе со предлог до Министеството за животна средина и просторно планирање за добивање на дозволата, рече Миновски, одговарајќи на прашање на прес-конференција во Владата.
Тој нагласи дека не сака да шпекулира со точни термини и додаде дека е најбитно работната група квалитетно да си ја заврши работата.
- Тоа е еден процес кој е долг и значаен за самата компанија и затоа е неопходно квалитетно да се заврши, потенцира Миновски.
Прашан до каде е реализацијата на проектот Чебрен и Галиште за кој премиерот Зоран Заев недомна најави дека ќе се реализира преку АД ЕЛЕМ и ќе чини 220 милиони евра, Миновски рече дека станува збор за владин, а не за проект на АД ЕЛЕМ.
- Со одлука на Влада веќе е формирана работна група која имаше два состанока до сега. Во неа работат експерти, а има и претставник од АД ЕЛЕМ и во моментов се анализираат можностите за градба и кој тип на брана да се реализира, рече Миновски и додаде дека нема конкретни датуми до кога да се донесе одлуката.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје