Михајловиќ: Во Србија нема да поскапат струјата, топлинската енергија и гасот, остануваат ограничувањата на цената на горивата
Српската вицепремиерка и министерка за енергетика, Зорана Михајловиќ, изјави дека во Србија има доволно енергенти и дека нема да се зголемат цените на струјата, топлинската енергија и гасот, дека ќе останат одредени ограничувања на цената на нафтените деривати и дека ќе се направи подобра рамнотежа меѓу цените на големо и мало, јави дописникот на МИА од Белград.
-Најважно за граѓаните и економијата е дека има доволно на сите енергенси. Има доволно нафтени деривати и гас, се произведува струја. Увозот на струја е помал во споредба со претходните месеци, има доволно топлотна енергија, изјави српската вицепремеирка на „Копаоник бизнис форумот“, соопштија од нејзиниот кабинет.
„Што се однесува до ограничувањето на цената на нафтените деривати, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати секако ќе се промени. Ќе се задржат одредени ограничувања, но ќе се обидеме да направиме подобар баланс меѓу големопродажната цена и малопродајната. Тоа е главна причина зошто некои помали пумпи не продаваат нафтени деривати – ги има доволно, но проблемот беше во цената“, изјави Михајловиќ.
Српската Влада ја ограничи максималната цена на бензините 95 на 171 динари (1,45 евра) и на дизелот на 179 динари (1,52 евра), која истекува на 12 март.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд