Министерство за одбрана: Нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак
Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата вечерва информираат дека нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак и сите критични објекти се безбедни.
Соопштението е заради „транспарентно и вистинито информирање“ откако во медиуми и на социјални мрежи имало објави во врска со пожарите во реонот на армискиот полигон Криволак.
-Генералштабот на Армијата информира дека во текот на попладневните часови на Армискиот полигон Криволак имаше опожарени стари дотраени објекти кои не се од критично значење и се користени како помошни простории за време на логорувања. Сите армиски инфраструктурни објекти од посебно значење се безбедни и обезбедени согласно проценките и согласно армиските процедури тие имаат дополнително инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина од повеќе десетина метри, соопшти Министерство за одбрана и Генералштаб на Армијата.
Аармиските припадници кои се на терен локализирале краци на пожарите кои, како што се наведува, „може да бидат потенцијално загрозувачки за инфраструктурни објекти од посебно значење“.
-Исто така, во рамки на командата на полигонот има доволен број на противпожарни средства и опрема, како и персонал во постојана готовност за навремено ангажирање за спречување на опожарување на секој објект од посебно значење, стои во соопштението.
При ангажирањето во гасење на пожарите, велат од ГШ и Министертството за одбрана, се почитуваат сите безбедносни процедури за припадниците на армијата и се преземаат сите пропишани мерки за безбедност и лична заштита.
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала