Министерот Спасовски во посета на СВР-Битола
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Секторот за внатрешни работи -Битола, каде од првите луѓе беше информиран за безбедносната состојба во Битола, Прилеп и останатите делови од надлежност на СВР-Битола.
Според Спасовски основната задача е да се обезбеди мирен, предизборен период, изборен ден и пост изборен период, односно полицијата мора да биде сервис на граѓаните, а не на политичарите или политичките партии.
- Сите треба да постапуваат крајно професионално и во интерес на граѓаните, а политиката да ја остават на политичарите. Притоа најстрого ќе биде казнет секој полицаец што ќе учествува во предизборна кампања на било која политичка партија. Таков случај регистриравме во Струга и на други места за кои преземаме мерки. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, а не на политичарите или политичките партии, изјави Спасовски по средбата со раководството на СВР-Битола.
На средбата со новинарите во Битола, министерот Спасовски изјави дека во Прилеп е регистриран и пријавен случај на давање поткуп за политички цели.
- Двајца граѓани на Прилеп пријавија дека претставик на политичка партија понудил соодветна сума поткуп за изборите. Направена е кривична пријава против еден сторител, известен е јавниот обвинител и се преземаат мерки за откривање на овој случај. Апелирам до политичките партии кампањите да ги водат на ниво на програми и концепти и без злоупотреби. Апелирам до граѓаните доколку забележат случај на злоупотреба од било кој политички субјект тоа веднаш да го пријават во полициска станица и да соработуваат со МВР, посочи Спасовски.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје