Македонија
31. July 2017 - 15:50

Министерот Салији се сретна со претставикот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс

Министерот за правда Билен Салији денеска имаше средба со претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија, Бенџамин Перкс.

Како што соопшти Министерството за правда, министерот  Салији ветил дека ќе ја продолжи соработката со УНИЦЕФ подржувајќи ги активностите кои ќе се преземаат во иднина.

Перкс му се заблагодарил на министерот за средбата и го известил за агендата на проектите кои се во реализација и тие кои се во  план во 2018 година од страна на УНИЦЕФ.

Двајцата соговорници се согласиле дека од оваа соработка очекуваат продуктивни резултати за да се обезбеди подобра иднина за децата и нивните права