Министерот Османи во посета на Брисел
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Покрај со Столтенберг, министерот Османи ќе се сретне и со политичките советници во Кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Симон Мордју и Маја Коцијанчич.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, шефот на дипломатијата ќе има и брифинг во Центарот за европска политика на тема „Северна Македонија и ЕУ: Движење кон поголема интеграција".
Министерот Османи ќе има воведено обраќање на брифингот, по што ќе следува размена на мислења со присутните гости.
Работната посета на Брисел, Османи ќе ја заврши со присуство на прием по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија во организација на нашите мисии во ЕУ и НАТО и Амбасадата на земјава во Белгија.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен