Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа
Инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи, се очекува да ги претстави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) што денеска и утре се одржува во Солун.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Николоски за време на учеството, посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и услуги.
Според официјалната агенда, министерот ќе учествува на дискусија со претседателот на Грчката бизнис-асоцијација во Северна Македонија.
-Меѓу говорниците кои присуствуваат се Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт на Северна Македонија и Арис Влахос, претседател на Грчката бизнис-асоцијација во Северна Македонија и се очекува да ги анализираат перспективите на комбинираниот транспорт во Југоисточна Европа. Од особен интерес е учеството на министерот за инфраструктура и транспорт, Христос Стајкурас, во однос на улогата на инфраструктурата како катализатор за економскиот развој на регионот, соопштија организаторите во најавата за форумот.
На маргините на форумот, предвидено е Николоски да оствари билатерални средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција Христос Стајкурас, со министерот за поморство и островска политика Христос Стилианидис, како и со извршниот директор на Солунското пристаниште Јоанис Царас.
Организаторите соопштија дека „во ера на брзи геополитички и економски случувања, поврзувањето во поширокиот регион на Југоисточна Европа е катализатор за економски и одржлив развој“, а форумот има за цел да ги истакне клучните аспекти на иднината на транспортот и инфраструктурата во регионот.
-Со оглед на тоа што инвестициите во инфраструктурата се клучен двигател на растот, овогодишниот форум се фокусира на прашања поврзани со поморството, комбинираниот транспорт и зелената транзиција. Бидејќи земјите од Југоисточна Европа се соочуваат со сериозни макроекономски предизвици, потребата за засилена соработка и стратешки инвестиции во инфраструктурата е понеопходна од кога било, соопштија организаторите.
Дополнително додадоа дека дискусиите и насоките од форумот се очекува да ги обликуваат разврските во транспортот и инвестициите во регионот, создавајќи нови перспективи за развој и регионална соработка.
Форумот е организиран од Tsomokos Communications, а стратешкиот партнер е Солунското пристаниште.
Ново на Сител
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“