Министерот Лутфиу на конференција во Сараево
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу учествуваше на Петтата конференција на Платформата на Западен Балкан за образование и обука на професионален развој на наставниот кадар во образовните установи, што се одржа во Сараево.
На конференцијата, Лутфиу ги презентираше активностите што се преземаат со цел да се зголеми квалитетот на образованието, особено во областа на обуката за развој на професионалните капацитети на наставниот кадар во основните и во средните училишта.
Тој посочи дека Република Македонија, особено во последните години го смета образованието на младите генерации како приоритет, а зголемувањето на квалитетот во образованието како потреба.
Лутвиу додаде дека Република Македонија сака да изгради институционални механизми за обезбедување на одржливоста на овие иницијативи и во тој контекст ги образложи целите и придобивките од формирањето на Академијата за наставници, како и финансиската поддршка што ја обезбедува државата за функционирање на оваа институција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома