Министерот Бочварски и градоначалникот Костадинов на увид во изградбата на канализацискиот систем во село Банско
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска извршија увид во изградба на канализацискиот систем во населеното место Банско, каде преку буџетот на Министерството се вложуваат 42 милиони денари. Проектот опфаќа изградба на 15 километри канализациска мрежа и според договорот се очекува да се заврши до средината на оваа година.
-Сакам да најавам дека оваа пролет започнуваме со изградба на фекален и атмосферски канализационен систем и за населеното место Градско Балдовци, каде вкупната инвестициска вредност достигнува 82 милиони денари со што решаваме уште едно многу значајно прашање за Општина Струмица, рече Бочварски.
За градоначалникот Костадинов, со реализацијата на овој проект ќе се создадат услови за подобар живот на жителите на Банско.
-И јас и министерот сме задоволни од досегашната изведба. Од планираните 15 километри канализациска мрежа, досега се изведени околу 10 километри. За целосно фукционирање на овој систем потребно е да се изгради пречистителна станица за третман на фекалните води пред да бидат пуштени во реката Водочница, а за која општина Струмица веќе има подготвено проект, истакна градоначалникот Костадинов.
Министерот Бочварски во изјавата истакна дека досега се инвестиравме преку 70 милиони евра во изградба и рехабилитација на патиштата во овој дел од државата.
– Би сакал да најавам дека оваа година планираме дека го рехабилитираме патниот правец Струмица-Дабиле, за што ќе инвестираме речиси 100 милиони денари. Исто така, сме во фаза на одобрување на проектот за изградба на ескпресен пат од Струмица преку Валандово до спој со Коридорот 10 кај Марвинци. Овој пат е влезен во програмата на ЈП за државни патишта и доколку навреме обезбедиме средства ќе започнеме со градба. Исто така би сакал да истакнам дека во фаза на изработка е и проект за изградба на експресен пат од Струмица до граничен премин со Република Бугарија кај Ново Село. Нашата интенција е да обезбедиме брза и експресна патна врска од централниот дел на државата па се до граничниот премин, истакна министерот Бочварски.
Информираше дека е завршена распределбата на становите во социјалната зграда во Струмица и според пропишаните критериуми, 11 семејства добиле социјален стан.
-Очекувам во текот на наредната недела да ги потпишат договорите и конечно да се вселат и да го решат своето станбено прашање. Останатите 26 станови се предадени на Комисијата за станбени прашања во Владата и ги повикувам сите граѓани кои реално имаат потреба од ваков стан да аплицираат во Владата во станбената комисија. Во меѓувреме за многу брзо време ќе извршиме измена на методологијата за распределба, што значи дека ќе има измени на одредени критериумии и ведна потоа ќе распишеме јавни огласи за распределба на социјалните станови во Гостивар, Виница, Свети Николе и Пробиштип, додаде Бочварски.
Тој најави и рехабилитација на досегашниот локален патен меѓу селата Робово и Муртино, кој сега е категоризиран како регионален и градeжните работи треба да почнат оваа година.
Ново на Сител
-
Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби четири години и десет месеци казна затвор
-
Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
-
Посебен сообраќаен режим вечер во центарот на Скопје поради протестен марш
-
Обвинителскиот тим проширен - 11 јавни обвинители вклучени во истрагата за пожарот во Кочани
-
Издадена наредба за обдукција и вештачење на оружјето од инцидентот во Волково
-
Со извици „Вие сте платеници“ новинарите избркани од Студентскиот пленум
-
Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето
-
Коментаторот на РТС се расплака на преносот Србија - Австрија поради трагедијата во Кочани | ВИДЕО