Македонија
14. January 2023 - 9:22

Во прекин сообраќајот на патниот правец Бузалково-Сливник поради изведување градежни работи

Поради оштетување на пропуст за атмосферска вода, патниот правец Бузалково – Сливник ќе се исклучи од сообраќај со поставување на барикади и сообраќајни знаци. На местото на оштетувањето ќе се изведуваат градежни работи. Сообраќај не може да се одвива и преку Бузалково кон село Р’левци, информираат од Општина Велес.

Тие појаснуваат дека градежните работи за санирање на оштетувањето на пропустот ќе почнат изутринава. Додаваат дека сообраќајот нема да се одвива се до целосно завршување на градежните работи.

– Се замолуваат граѓаните – корисници на посочениот патен правец, да покажат разбирање и трпеливост за безбедно и побрзо завршување на градежните работи, порачуваат од Општина Велес.