Loading Video...
Кошарка
20. јуни 2021 - 14:41
Милвоки се избори за финале во Источната конференција
Тимот на Милвоки е првиот финалсит во Источната конференција на НБА плејофот.
Ова откако „Бакси“ во решевачкиот седми натпревар славеа победа на гостувањетоп кај Бруклин по продолжението, бидејќи регуларниотр дел заврши нерешено 109-109.
Во дополнителните пет минути, двата тима одиграа катастрофално лошо, па Бруклин постигна само два поени, а шестте поени на Милвоки беа доволни за конечен триумф со 115-111, односно пласман во финалето добијавќи ја серијата со 4:3 во победи.
Кевин Дурент иако средбата ја заврши со 48 поени и 9+ скокови, а Џејмс Харден на 22 поени придодаде по девет скокови и асистенции, сепак тоа не беше доволно за фаворизираниот тим на крајот да слави.
Во победничкиот тим Адетокумбо постгна 40 поени, имаше и 13 скокови, а дабл-дабл учинок оствари и Мидлтон со 23 поени и 10 скокови.
Сега Милвоки ќе го очекува исходот од вечерашниот седми меч, односно мајсторката меѓу Филаделфија и Атланта, по кој ќе го дознае својот противник во финалето на истокот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->