Милиони Американци патуваа за Денот на благодарноста, и покрај предупредувањата
Милиони Американци, сепак, и годинава отпатуваа кај своите семејства ширум САД, на традиционалните семејни собири по повод Денот на благодарноста, и покрај предупредувањата на експертите да не го прават тоа поради постојаното зголемување на бројот на заразени и умрени од коронавирусот.
Гласот на Америка пренесе дека поради игнорирањето на апелите на експертите сега постои оправдан страв од нов бран зарази во декември.
Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) и локалните и федералните власти ги повикаа Американците да останат дома и да го слават Денот на благодарноста само со оние со кои живеат.
Многумина, меѓутоа, отпатуваа во другите делови на САД за да го поминат празникот со своите семејства.
Медиумите наведуваат дека низ аеродомите во САД секој ден минувале милион лица, што е за 60 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, но таквата бројка претставува најголем број патници од почетокот на пандемијата, во март годинава.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце