Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба
Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар“ затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба.
-Имајќи предвид дека Миле Јанакиески е прогласен за крив, а одбраната во своите завршни зборови бараше истиот да биде ослободен од обвинението, секако дека не сме задоволни и ќе ги преземеме сите законски средства кога ќе ја добиеме пресудата во писмена форма. Верувам, сто посто со сигурност дека ќе ја обжалам пресудата, иако сето ова го зборувам без да ја направам презентацијата со мојот клиент. Но сметам дека и неговата заложба е да докаже дека овде не е виновени и не ги презел дејствијата кои што му се ставаат на товар. Тоа би значело дека најверојатно ќе пишуваме жалба, рече адвокатот Миланов по изрекувањето на пресудата за „Насилство во Центар“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници