-->
-->
Михајловиќ повика на мир
-->

„Пред некој ден прочитав една реченица дека кога војната е помеѓу двајца богати, умираат сиромашните. Сигурен сум дека со војна нема да се реши ништо. Се сеќавам кога го освоивме трофејот со Црвена звезда што се случуваше во мојата земја. Кога мојата земја беше бомбардирана, јас го освоив скудетото со Лацио. Тогаш сакав тренинзите да ми траат 24 часа, мечевите да бидат долги цел ден, бидејќи не сакав да мислам на војната и бомбите. Само на теренот бев среќен и покрај војната. Кога ќе завршеа, бев во хаос. Не можев да се слушнам со моите родители две недели и не знаев дали се живи. На ТВ гледав како авионите полетуваат од базата во Италија и ќе и се јавев на мајка ми да оди во скривница. По еден месец нема поента да зборуваме за војната бидејќи луѓето ќе се навикнат и нема да им е грижа ако има војна некаде далеку. Затоа треба да работиме за мир и за што е можно побрз крај. Ова е поголемо од сите нас“, изјави Михајловиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски го отфрли предлогот на Путин за тридневно примирје
-
Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведен 29-годишник, пронајдена дрога
-
Парламентарни избори во Австралија
-
Тројца со насилство барале малолетник да влезе во казино, поведена постапка
-
Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија
-
Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга
-
Елмас изнуди пенал и го спаси Торино од пораз против Венеција
-
Во Белград комеморативни собири по повод две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“