Уставниот суд го укина членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на ЈО
Уставниот суд го укина член 4, став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на РСМ, кои предвидуваа можност во унапредување на обвинителите во кариерата да се цени како позитивна обвинителска дејност и работењето на членовите на Советот на јавни обвинители, изјави уставниот судија Осман Кадриу, на прес-конференција по седницата.
Кадиру, кој е судија известител по предметот, посочи дека во конкретниот случај сметал дека станува збор за појак интензитет на повреда на Уставот и законот и предлагал поништувачка одлука, но со мнозинство гласови се донело одлука актот само да се укине, со дејство само за во иднина, без поништувачко дејство на досегашните одлуки.
-Во законот се подвлечени јасно кои услови треба да ги исполнуваат обвинителите кога бараат нивно унапредување. На тој начин и со тие одредби Советот на ЈО засебе востпоставил право, членовите обвинители додека работат во Советот да ги третираат како обвинители, а тие не се обвинители, а нивното работење во Советот да се третира како обвинителска дејност, што е апсурд. Ваквите одредни се во директна спротовност со Законот за јавното обвинителство и се разбира со самиот Устав, како највисок правен акт, изјави Кадриу.
Судот, посочи Кадриу, имал едногласно мислење дека со овој акт и со вградување на овие две одредби – работата на членовите на Советот на ЈО да биде ценета како обвинителска дејност, а нивниот статус членови на Советот како обвинители, станува збор за „груба повреда на Уставот и на законот“.
-Таквите услови да се вградат и да се предвидува и привилегија за членовите на Советот на ЈО претставува и дискриминација кон другите колеги обвинители, кои работат и се ценат нивните резултати и работење и претставува услов за нивно унапредување, истакна Кадриу.
Уставниот суд на 19 февруари годинава донесе одлука за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, по поднесе иницијатива од јавната обвинителка Ленче Ристовска.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст