Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува никаква скриена амнестија со законот за градење
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Штип во рамките на партиските активности за средби со граѓани, бизнис заедница и разни општествени дејци како здравствени работници и наставен кадар, истакна дека партијата не поддржувана никаква скриена амнестија со Законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти кој минатата недела беше изгласан во македонското Собрание.
Тој го потенцираше одговарајќи на новинарско прашање каде што додаде дека единствен аболиран политичар во државата е, за жал, актуелниот премиер Зоран Заев кој освен што е аболиран од претседателот, премиерскиот мандат го започнал со активен судски процес.
„Мислам дека се политизира без потреба, повторно се препелкаат од СДСМ и бараат виновник таму каде што не е виновникот. Нека се погледнат самите и ќе го добијат одговорот на вашето прашање. Ако има скриена амнестија, таа амнестија многу порано ја даде еден претседател на државата за денешниот премиер, за жал, во владата кој што е единствен аболициран политичар и човек кој што со активен судски предмет влезе во неговиот мандат во 2017 година“, рече претседателот Мицкоски.
Потенцираше дека со законот за легализација на дивоградби, кој што пратениците го изгласаа во Собранието и за кој се најавува јавна дебата, нема никаква скриена амнестија и дека на истата прецизно ќе се слушнат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?