Мицкоски: Владата како да се плаши од Делчев
Досега немало сериозна понуда од власта за вклучување на опозицијата во преговорите со Бугарија. Ниту пак Владата најде за потребно да информира за содржината на разговорите. Дополнително главните информации се добиваат од медиумите што говори за две работи, или несериозно се пристапува кон вака еден сериозен процес, или владата крие нешто од јавноста што е штетно за државата, изјави за Дојче Веле, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Содржината на разговорите и одговорите на прашалникот ‘пет плус еден’ од неразбирливи причини е тајна, а нашите информации говорат дека со него сериозно се нарушува идентитетската линија која мора да се сочува. Дополнително, Владата како да се плаши од Делчев и на тој неразбирлив начин сака да се додвори на источниот сосед, на сопствена штета. Јас сум подготвен да разговарам за секое прашање, но само доколку сите заеднички се согласиме дека мора да ги зачуваме нашите идентитетски линии и стратешки интереси“, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци