Мицкоски: Скопје стои како симбол на издржливост и солидарност
Скопје стои како симбол на издржливост и солидарност, со сеќавање на трагичниот настан што ја промени неговата историја. 61 година подоцна, градот продолжува со живот, притоа зачувувајќи го споменот за оние кои ги загубија своите животи и за храброста на сите кои помогнаа во неговата обнова, напиша денеска премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.
Скопје, како што наведува, беше погоден од катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, кој остави трајни последици врз градот и нашите жители.
- Околу 80 отсто од градот беше разурнат, а повеќе од 1. 070 луѓе ги загубија животите, додека над 4,000 беа повредени. Катастрофата ја покрена глобалната солидарност, при што многу држави и меѓународни организации испратија помош и поддршка за обнова на градот. Скопје беше повторно изграден благодарение на напорите на домашните и странските архитекти и урбанисти, пишува во објавата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени